Нашиот тим

profesor rafael

Рафаел Нуњез

Кинезиолог (физиотерапевт), експерт по традиционална кинеска медицина за рехабилитација (акупунктура, масажа), има дипломирано на Главниот универзитет за физичко образование и спорт во Пекинг, Кина. Магистер е по настава во областа на спортските науки со традиционална кинеска спортска терапија (Таи Чи Чуан и Чигонг), при Спортскиот универзитетот во Пекинг. Диплома за личен тренер, Институт за професионален развој во Чиле. Диплома по кинески јазик, Универзитет за јазик и култура, Пекинг. Диплома за кинески боречки вештини : „Вушу Таолу“, Спортски универзитет во Пекинг. Четврта генерација на фамилијата „Бу“, „Че“ стил на Шјинг Ји Чуан. Национален шампион на Чиле во Нанчјуан, Нангун и Нандао, Вушу Федерација на Чиле (2005 до 2009). Поранешен член на Вушу тимот на Чиле, претставник на Чиле во првото, второто и третото Јужноамериканско првенство во Вушу, како и на осмото Светско вушу првенство во Емеи, во провинцијата Сечуан, Кина, каде освојува два бронзени медали во машка категорија, група Ц; Шјинг Ји Чуан и Шјинг Ји со широк меч. Освоено седмо место во машка категорија, Шјинг Ји Чуан на 15-тото Светско вушу првенство во Шангај, Кина (2019). Четврти дуан по Даојин Кангјанг (Чи Гонг, Меѓународно училиште Ху Шјиао Фео Даојин Кангјанг.

maestra wushu

Шифу Ли Чјиао Линг

Трета генерација мајстор од фамилијата „Бу“, „Че“ стил на Шјинг Ји Чуан, професор на Спортскиот универзитет во Пекинг. Судија од степен А во Меѓународната вушу федерација, осми дуан во Кинеската вушу асоцијација, носител на највисокиот почесен медал за спорт во Кина. Назначена од Меѓународната федерација за Вушу да ја напише официјалната рутина Чанг Чјуан за вториот сет на официјални рутини за меѓународните натпревари во Вушу. За возврат, таа ги напиша студиските текстови за Чанг Чјуан за основно, средно и напредно ниво . Назначена од Кинеската вушу асоцијација да пишува учебници за промовирање на стиловите Мулан Чјуан, Мулан со меч и Мулан со лепеза; учествува и во креирање на книгите „Кинеската вушу школа“ и „Дуан веи систем за степенување на Шјинг Ји Чуан“. Придонесува за создавањето на повеќе од 10 едукативни ДВД-а за Вушу Таолу. На 8-миот и 9-тиот Кинески научен конгрес е поканета да држи презентација како спортски експерт. Во 2001 година, станува тренер на кинескиот Вушу тим и учествува со кинескиот младински тим во вушу на првото Азиско младинско првенство, освојувајќи 11 златни медали. Поранешен тренер на Вушу тимот на Спортскиот универзитет во Пекинг, тренира светски шампиони, светски универзитетски шампиони, азиски шампиони и возрасни универзитетски национални шампиони. Од 1997 до 2018 година работи како професор, задолжена за курсот за вушу за странци при Спортскиот универзитет во Пекинг, каде обучува и предава на студенти од повеќе од 105 различни земји. Покрај ова, има патувано во повеќе од 30 земји каде држи предавања, води семинари и предводи вушу тимови на настапи.

Marija D.

Марија Дачевска

Инженер по Електротехника (Компјутерска техника, информатика и автоматика) при универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ - 1998, Скопје, Македонија. За прв пат почна да изучува Таи Чи Чуан во школата Ву Веи во 2005 година, во Скопје, Македонија. Таи Чи Чуан изучува во школата Јин Јанг, од 2007 до 2019 година, во Скопје, Македонија. Таи Чи Чуан изучува во школата Таи Јанг, од 2009 до 2011 година во Скопје, Македонија. Винг Чун вежба со учителот Васил Динковски во МКФА, 2011 до 2015 во Скопје, Македонија. Зема инструкторски часови во школите Јин Јанг и Таи Јанг. Таи Чи Чуан предава од 2013 до 2016 во Скопје, Македонија. Учевствуваше на семинар Xing Yi Quan семинар, организиран од школата Јин Јанг воден од учителот Рафаел Нуњез во 2017 година во Скопје, Македонија. Посетуваше Винг Чун часови кај учителот Багалев при посети во Софија (Бугарија), од 2018 до март 2020 година. Во 2009.03 станала ски инструктор - МАИСС (Македонска Асоцијација на Инструктори за Скијачки Спортови). Од 2016 до 2020 посетуваше семинари за САТ (Сакрална архитектура на телото), а подоцна и „Хармонизирање на телото“ во Бугарија. Организираше и семинари во Скопје со инструкторката Радостина Нјаголова. Таа ги водеше соодветно часовите во Скопје до март 2020 година. Во 2019 година стана Јин Јога инструктор во Јога Центарот Садана во Скопје. Во продолжение водеше настава до март 2020 година.