За нас

Ние сме синолози и боречки уметници, експерти во областа на здравјето, филозофијата, кинескиот јазик, и вљубеници во кинеската култура.

Нашиот културен центар се стреми кон промоција на културата, здравјето и спортот. Го користиме нашето знаење за да создадеме спој од курсеви и услуги со цел да едуцираме и да им помогнеме на луѓето да се доближат до древната кинеска култура.

Центарот Таиминггонг е основан од страна на Рафаел Нуњез од Чиле, во октомври 2020… да, во екот на пандемијата.

Рафаел е член на Националниот вушу тим при Вушу федерацијата на Чиле. Покрај тоа, тој е државен и меѓународен шампион на различни натпревари по модерни и традиционални вушу вештини во Чиле, Кина и Јужна Кореја.

Рафаел има дипломирано хумана кинезиологија на Главниот универзитет за физичко образование и спорт и е магистер по спортски науки. Тој е експерт по традиционална кинеска медицина за рехабилитација и се здобива со звањето магистер на спортски науки при Универзитетот за спорт во Пекинг. Рафаел во моментот е на докторски студии по кинеска медицина и менаџмент на Универзитетот за кинеска медицина во Гуангџоу.

Рафаел ги изучува кинеските боречките вештини уште од 2000-та година. Живее во Кина 10 години каде продолжува да учи Вушу од повеќемина врвни Вушу мајстори.

Се наоѓаме во центарот на Скопје, главниот град на Р. Македонија и имаме претставништво во Сантијаго, Чиле.

Нашата мисија

Да ја поврземе Кина со западните земји во сферите на културата и спортот, односно да создадеме платформа за промоција на здравјето, спортот (боречките вештини) и културната размена помеѓу Кина и Западот.

Нашата визија

Да ја претставиме кинеската култура на Западот.

„Добре дојдовте во секцијата за курсеви и услуги. Тука може да го разгледате нашиот каталог на онлајн курсеви, како и нашите услуги со физичко присуство.