Здравствен Чи Гонг и Таи Чи Чуан

Чигонг е систем од вежби базиран на традиционалната кинеска медицина којшто комбинира вежби за сила, флексибилност, дишење и концентрација (умствена активност). Постојат неколку научни студии кои препорачуваат практикување на Таи Чи Чуан и Чи Гонг поради придобивките за нашиот ум и тело. Помага да се подобри лошото држење на телото и  се бори против седиментарниот начин на живот, а помага и во подобрување на имунитетот и  кардио-васкуларната отпорност и флексибилност, меѓу другите придобивки.

Курсот „Здравствен Чи Гонг и Таи Чи Чуан“ се состои од учење на основите  на Таи Чи Чуан (движења на рацете, позиции на нозете и 3 основни рутини). Неговата главна цел е да го подобри физичкото и менталното здравје на нашите ученици и да им даде основа во Таи Чи Чуан. Практикувањето здравствен Чи Гонг вклучува учење на познати рутини како што се „Ба Дуан Џин“, „Ву Чјин Шји“, „Ји Џјинг Џјин“ итн. Работиме и со „Даојин Јангшенг Гонг”, програма за Чи Гонг создадена од професорот Џанг гуан Де, професор на Спортскиот универзитет во Пекинг, и промовирана низ светот од неговите студенти, и од професорот Ху Шао Феи, доктор на науки, професор на Вушу институтот при Спортскиот универзитет во Пекинг.

Нашите курсеви започнуваат на 1-ви и 15-ти во месецот, секој месец. Во текот на летото, редовните часови се паузираат и се нудат посебни летни курсеви.

Qigong Taijiquan