Училиште Таиминггонг

Центарот Таимингонг е културен центар посветен на промовирање на кинеската култура. Со цел да ја исполниме нашата мисија, го зачувуваме традиционалниот дух на кинеските боречки вештини преку почитување на нашето семејство за боречки вештини, негување на пријателските врски со другите Вушу школи и создавање  наш уникатен и иновативен систем за степенување, како и боречки сертификати за студенти, инструктори и Вушу професори.

Нашата студиска програма се состои од заедничка основна студиска програма за сите  студенти. Оваа програма трае околу 10 месеци и во тој период, ученикот ќе ги совлада основите на Вушу како основни положби, техники на раце, работа со половината, координација итн.

Вклучени се и теоретски часови во кои учениците се запознаваат со историјата и теоријата на различните традиционални и модерни системи на вушу што ги изучуваме во нашата школа. Покрај тоа, учениците ќе ги научат и основите на кинескиот јазик, традиционалниот кинески јазик и кинеската филозофија. 

По дипломирањето и почетокот на следната учебна година, учениците ќе го имаат потребното теоретско знаење за да одлучат кој систем (рутина) ќе го изучуваат и ќе  бидат способен да создадат своја персонализирана студиска програма во согласност со физичката подготвеност и личните преференции. Во секоја нова година (степен) ученикот ќе може да избере рутина (систем) со голи раце/оружје за да стане експерт за одреден традиционален стил на Вушу, модерен спортист во Вушу или учител по Вушу.

Нашата програма за обука и методологија на настава го исполнува методот на настава „академско вушу“ или „xueyuan pai“- истовремено ја зачувува традицијата на боречки вештини и комбинира модерен и научен метод на настава.

Нашиот меѓународен тим за поддршка и соработка

Ние сме дел од повеќе од 200 членови на семејството Бу на Шјинг Ји Чуан кое потекнува од провинцијата Шаншји, Кина. Денес имаме членови низ цела Кина, вклучувајќи ги Хонгконг, Макао и Тајван, но и во други земји низ светот, како Јапонија, САД, Канада, Германија, Чиле и Македонија.

Неговиот основач е велемајсторот Бу Шјуе Куанг, чиј претставник денес е неговиот син, велемајсторот Бу Бинг Чјуан, којшто ни остави во аманет не само да го промовираме Бу стилот на Шјинг Ји Чуан, туку и да ги промовираме сите кинески боречки вештини, филозофијата и кинеската култура како целина.

 

 

Сертифицирани сме за Чи Гонг со 4ти Дуан по системот Даојин Кангјанг од Меѓународното училиште Даојин Кангјанг Ху шјиао Фео, основано од господинот Ху Шјијао Феи, професор на институтот за Вушу при Спортскиот универзитет во Пекинг.

Меѓународната школа Даојин Кангјанг Ху шјиао Фео  е промовирана во Кина и пошироко. Учењата на Чи Гонг припаѓаат на велемајсторот Џанг Куан Де – првиот човек што стекнал двоен 9-ти Дуан: во Чи Гонг и Вушу.

 

Потпишавме договор за меѓусебна соработка со Меѓународната организација за кинески боречки вештини и самоодбрана „Фенгхуанг“. Оваа организација, со повеќе од 12 години постоење, е основана во Сантијаго, Чиле, од мајсторката г-ѓа Хортенсија Кабрера Малдонадо, практичар на вушу стилот Фат Сан Бак Меи Куне.

Организацијата „Фенгхуанг“ промовира кинески боречки вештини, самоодбрана и здравje преку спорт и вежбање.

Ве покануваме да бидете дел од нашата школа Таимингонг.