Курсеви и услуги
Овој курс е воведен курс по боречки вештини. Наменет е за почетници, како и за практичари со искуство во Вушу или други боречки вештини.
Курсот „Вушу Таолу“ е изготвен со цел да го воведе ученикот по прекрасниот пат на боречките вештини.
„Вушу Таолу“ курсот не само што ги оспособува учениците за учество на натпревари, туку и промовира здравје комбинирајќи го Вушу тренингот со основите на спортските науки. На овој курс, учениците ќе се стекнат и со основни знаења од кинескиот јазик, филозофијата и кинеската традиционална медицина.
Во овој курс се изучуваат основите на Таи Чи Чуан (основни техники со раце и нозе, како и трите основни Таи Чи Чуан рутини). Целта на овој курс е да го унапреди физичкото и менталното здравје на учениците земајќи го предвид значењето на боречките вештини. Курсот за здравствен Чи Гонг се состои од познатите Чи Гонг рутини како „Ба Дуан Џин“, „Ји Џин Џинг“ итн, вклучувајќи ја и Чи Гонг програмата на школата Даојин Јангшенг Гонг, создадена од страна на велемајсторот Џанг Гуан Де, професор на Спортскиот универзитет во Пекинг.